Основен суд Прилеп го осуди градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески на парична казна од 36.900 денари, заради сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони денари, информираше денеска на прес-конференција директорот Христијан Костов.
Македонските земјоделци наскоро точно ќе знаат во кој реон која култура, сорта и семе најмногу успева и ќе добијат листи на препорачани култури и сорти кои ќе бидат пдодржани со мерките за финансиска поддршка за развој на земјоделството.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, распиша оглас за избор на член на Советот на јавни обвинители. Огласот Џафери го распишал вчера, а денеска е објавен во дел од дневните весници, а треба да биде објавен и во „Службен весник“.
До крајот на месецов или на почетокот на наредниот месец целосно ќе бидат исплатени субвенциите за земјоделците за 2016 година, најави денеска ресорниот министер Љупчо Николовски.
Усогласувањето на пензиите во 2017 година се врши согласно член 37 од законот за пензиското и инвалидското осигурување, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).
Вкупно 40 учесници и 22 предавачи од Македонија, Европската унија, САД и Кина, ќе бидат дел од Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, годинава по осми пат ќе се одржи во Охрид, од 21 до 31 август.
Крајно време е да се зголеми буџетот на Армијата. Затоа што пред нашата Армија стојат големи предизвици и големи задачи, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
-Тоа е сериозна повреда на законот што нема да ја толерирам. АРМ троши свои ресурси за туѓи задачи кои се во надлежност на други институции. Мора да се затвори кругот на одговорност за тоа кој е надлежен за што, кога и како, рече претседателот Иванов.
Сите ние, рече претседателот Иванов, добро се сеќаваме дека Армијата се формираше во време-невреме, за краток период, со малку опрема, но со многу љубов кон татковината.