Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со претставници на СОНК со кои меѓудругото разговарала и за двосменското работење на јавните установи за деца – детските градинки.
Професионалните војници бараат откако ќе наполнат 45 години старост да бидат прераспоредени од Министерството за одбрана во Министерството за внатрешни работи.
Мерката на Владата која треба да се спроведе преку Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и од 1 септември градинките да работат во две смени е избрзана одлука без сооветни подлабоки анализи како тоа да се изведе.
На прес-конференцијата во Владата, министерот Адеми рече дека целта е да се изработи документ којшто ќе биде остварлив и којшто ќе може реално да се спроведе во периодот од 2018 до 2023 година.
Во новиот ИПА Мастер план ќе предвидиме мерки и активности за надминување на предизвиците и за унапредување на апсорпционата моќ на државата за средствата од ИПА, истакна Османи.
Османи наведе дека Македонија има и ќе има конректен однос кон сите соседи и дека е важно да ги затвори сите отворени прашања, како важна одредница на патот на земјата кон евроинтеграциите.
Македонија и Србија ќе работат на зачувување и унапредување на билатералните односи, а секое евентуално несогласување во меѓусебните односи ќе го решаваат исклучиво со дијалог.
Македонскиот премиер Зоран Заев во изјава за српски „Блиц“ повтори дека Владата во Скопје никогаш ниту имала намера, ниту дала упатства за вршење какви било разузнавачки активности против која било соседна земја, вклучувајќи ја и Србија.
Како што соопшти Министерството за одбрана, на свеченоста е најавено присуство на делегации од државите членки на SEEBRIG – Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Македонија, Турција и од Босна и Херцеговина како земја набљудувач.
Владата на Република Македонија ниту имала намера, ниту дала наредба или инструкција, ниту извршила разузнавачки дејства против и на штета на некоја од нашите соседни земји вклучувјаќи ја тука и Србија.