Политиката и Владата нема да се мешаат во судството, ниту да прават генерален реизбор на судии. Нашиот став е да се направат суштински реформи во судството.
За време на посетата, која е на покана на Бушати, Димитров ќе се сретне и со албанскиот премиер, Еди Рама, како и со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.
Прашан дали очекува опструкции од ВМРО-ДПМНЕ за изгласувањето на овој предлог-закон во Собранието, вицепремиерот се осврна на пораката од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се ревидира ставот кон албанската заедница.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска најави дека во текот на оваа недела Владата ќе излезе со детален извештај сите вработувања од новата Влада, но и за вкупниот број на вработени во јавниот сектор.
Ексминистерката е обвинета во предметот „Тендери“ за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според СЈО, бил оштетен за речиси 54 милиони денари.
Министерството за образование и наука денеска ги објави прелиминарните резултати од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2017/2018 година.
Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови со употреба на најсоодветен третман без никакви последици за околината се изврши уништувањето на неексплодираната авионска бомба од Втората светска војна во околината на Штип.
МТСП формираше специјализиран тим за постапување по итни предмети од ранливи категории на корисници на права и услуги од надлежност на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје.
Претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ синоќа во Мостар на македонскиот премиер Зоран Заев му ја врачи наградата „Мostar Peace Connection“ како благодарност за придонесот за воспоставување регионална соработка.
Посетата на државниот секретар Тилерсон би била прва негова посета на Македонија и прва посета од страна на државен секретар на САД од 2003 година, кога земјава ја посети тогашниот државен секретар Колин Пауел, појаснува ОМД.