Мигрантската криза е една од најголемите кризи со кои се соочуваме по Втората светска војна, истакна Агим Нухиу.
На свеченото отворање на форумот, претседателот Иванов порача дека Европа останува да биде суперсила на животниот стил. - И, иако оваа суперсила сега е во криза, не смее да се заборави дека кризата е и можност за нови решенија, рече Иванов во обраќањето.
Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица распиша конкурс за најубаво украсено велигденско јајце по повод најголемиот христијански празник Велигден.
Претседателот Ѓорге Иванов од денеска е во дводневна работна посета на Турција, каде ќе учествува Евроазиски економски самит во Истанбул.
Во Македонија денеска ќе пристигне седмата ротација од 25 припадници на полицијата од Република Словачка кои заедно со македонската полиција ќе спроведуваат патролни активности на македонско-грчката граница
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Стразбур ќе учествува на состанокот на делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија.
Министерството за одбрана на Република Македонија и Воената Академија го објавија новиот конкурс за воени пилоти.
Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека врши проверки поврзани со финансиски истраги за поголем број физички и правни лица.
Компанијата Елколект почнува со акцијата за собирање отпадни батерии во 25 основни училишта низ 11 општини во Република Македонија.
Eтикетирањето на Македонците како „Славомакедонци“ е навредливо и дискриминаторски кон Македонците и сите граѓани на Република Македонија.