Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, утре ќе ја посети Република Македонија а негов домаќин ќе биде Претседателот Ѓорѓе Иванов.
Припадниците на Баталјонот за почести и опслужување направија церемонијална промена на државното знаме пред Собранието на Република Македонија.
Припадниците на полкот за Специјални операции при АРМ познати како Волци учествуваа на меѓународна вежба во Германија.
Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатија совети и пораки до велосипедистите кои се активни учесници во сообраќајот.
Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими денеска ги посети пензионерите во Бања Банско, дел од првата група корисници на услугата за бањско-климатска рекреација.
Спортско-риболовното друштво „Кочански рибар“ од Кочани ја спроведе акцијата за порибување на вештачкото езеро Градче крај Кочани. Ова е второ порибување на езерото со крап по она во ноември минатата година.
Во организација на Здружението на информатичари на Македонија денеска во Скопје ќе се одржи 28. Државен натпревар по информатика, кој е дел од проектот „Млад програмер”.
Припадници на Армијата на Република Македонија по повод одбележувањето на денот на првата механизирана пешадиска бригада како и денот на Командата за обуки и доктрини спорведоа неколку крводарителски акции.
Припадниците на 1. механизирана пешадиска бригада со прикладна воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец го одбележаа денот на бригадата.
Во писменото соопштение на фабриката „Леар“, каде што синоќа беа затруени околу 200 луѓе, се вели дека фабриката ќе биде затворена сè додека не се реши случајот и додека не се осигурат дека нема да се повтори.