Двеста и дваесет работници од фабриката Леар во технолошко развојната зона кај Тетово биле хоспитализирани најверојатно поради труење со храна.
Најголем број од жалбите до Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер завршиле со позитивен исход за барателите на информации. Жалбите претежно се однесуваат на т.н. молк на администрацијата.
Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец денеска со воена свеченост ќе биде одбележан денот на Првата механизирана пешадиска бригада.
Потребни се измени во деловите од Изборниот законик коишто се однесуваат на мониторинг на интернет портали, правила за правично избалансирано и непристрасно известување, велат од АВМУ.
Од вкупно 4.718 претставки по кои постапувал народниот правобранител минатата година постапката е завршена по 3.756 случаи, додека по 962 претставки е во тек.
По две и пол децении, објектот на поранешната команда на гарнизонот на АРМ во Кичево премина во сопственост на локалната самоуправа.
СЈО денеска до Врховниот суд на Република Македонија поднело барање за изземање на претседателот на највисокиот суд во земјава.
Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние денеска во Битола изјави дека очекува што поскоро да се реши политичката ситуација во која се наоѓа Македонија.
Ѓорге Иванов во понеделник ќе биде домаќин на претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски во Валета, оствари средба со Министерот за надворешни работи на Република Малта, Џорџ Вела.