Небиу, на прес-конференција по извршената аукција, информираше дека продадени се три стана на улица „Славејко Арсов“, еден од 78 метри квадратни и два од 73 метри квадратни, како и гаража од 30 метри квадратни.
Шефот на руската дипломатија рече дека Македонија го поканила да присуствува на Состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ од 30 ноември до 1 декември.
Како што информираше судијата Осман Шабани, судот ќе се произнесе за застареност за кривичното дело за обвинетиот Миле Јанакиески на следното рочиште закажано за 11 ноември, а потоа ќе продолжи со главната расправа согласно одредбите на Законот за кривичната постапка.
Собранието, како што кажа Џафери, е добредојдено за средба за финален договор за изборите, но треба да се имаат предвид и нивните активности и рокови.
Со овој закон, како што рече, бараат по 70 илјади евра надомест на нематеријална штета за семејства на загинатите кои уште не се обештетени, и по 50 илјади за сто процентен воен инвалидитет.
Денес на Подготвителниот состанок и Постојаниот совет амбасадорите на 57 земји учеснички на ОБСЕ постигнаа консензус и се донесе одлука што го отвора патот за идниот претседавач на ОБСЕ 2024.
Прашан за датумот за истовремено одржување на изборите, Груби рече дека тоа не е по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, туку е нивна одлука, базирана, како што појасни, на расположението кај граѓаните.
Ова беа дел од пораките од денешниот семинар „Портокалов цвет“, организиран од Комората за приватно обезбедување, во рамки на проектот „Портокалова дланка“.
Министерството за здравство информира дека над 50 илјади граѓани примиле вакцина против сезонски грип, а 59 илјади граѓани досега аплицирале за бесплатна вакцинација.
Тој нагласи дека ова наследство низ годините заслужува огромен респект, но и обврска кон натамошно вложување во унапредување и осовременување на Одделот како стожерен дел од безбедносниот систем.