Македонска делегација предводена од директотот на Платежната агенција Николче Бабовски учествува на 44. Конференција на директорите на платежните агенции во Европската унија што се одржува денеска и утре во австрискиот град Андау.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и српскиот вицепремиер за трговија Расим Љаиќ денеска од Белград на Самитот 100 испратија порака дека треба настрана да се остават историјата и национализамот и да се поврземе економски меѓусебно, а потоа и глобално.
Од 11 до 11,5 денари за килограм е откупната цена на пченицата, но количините главно се извезуваат во Грција и Албанија, велат производителите. Во меѓувреме, преработувачите увезуваат српско брашно зашто, според нив, пазарната логика е - најдобра цена за најдобар квалитет.
Министерството за транспорт и врски и МЖ Транспорт - АД Скопје и во наредниот период остануваат посветени на изнаоѓање решение со цел да се овозможи меѓународен железнички сообраќај, порачуваат од Министерството како реакција на објавените информации за укинување на железничката линија Белград -Солун.
Македонските сезонски работници во земјоделството да склучуваат двогодишни договори за да остануваат во земјава, наместо да одат во Италија и таму да живеат во гета, во мизерни услови, без социјално и пензиско осигурување, бара Агросиндикатот.
Јавното претпријатие за државни патишта го рехабилитира патниот правец Радовиш-Подареш во должина од 9,8 километри.
Земјоделците се задоволни од откупната цена на пиперката „ајварка“. На пазарот на големо во Струмица се откупува од 25 до 40 денари за килограм, а преработувачките капацитети ја откупуваат исчистена за 23 денари за килограм. На пазарите на мало, пак, цената достигнува и над 50 денари за килограм.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на отворањето на конференцијата „Посилни со Циско“, во организација на Циско-Македонија, се осврна на проектите на кои работат со цел дигитализација на Македонија, со посебен фокус на обезбедување на сајбер безбедност.
Владата на Република Македонија денеска ќе одржи седница на која, меѓу другото, на предлог на Секретаријатот за европски прашања - Секторот за координација на европски фондови и друга странска помош, ќе биде разгледана информацијата за статусот на имплементација на тековните Твининг проекти на ЕУ, како инструмент за јакнење на институционалната надградба.