Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска потврди дека ќе има санкции за компаниите кои добија државна помош, а не им ја дадоа на работниците
Развојната банка на Македонија АД Скопје денеска ја повлече првата половина од 50,9 милиони евра за евтините кредити за домашните компании
Во 00:00 часот вечер завршува рокот за поднесување барања за субвенции за растително производство (поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади), за сточарско производство (одгледувачи на говеда, овци, кози, пчели свињи), како и за заклани животни во кланица од годинашната Програма за директна поддршка
Рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост-ковид периодот што е наменет за компаниите што инвестирале за време на пандемијата со коронавирусот Ковид-19 истекува денеска
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ги донесе одлуките за цената на електричната енергија и за парното греење за скопјани што ќе важат во текот на наредната година
Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани бележи пад од 15,1 отсто, додека за период јануари – јуни годинава во однос на тој период лани има намалување од 14,6 отсто, објави Државниот завод за статистика
Рокот за плаќање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2019 година е продолжен до 18 декември 2020 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Туристичките знаменитости може и треба да се уживаат, но мерките и протоколите мора да се почитуваат за да се надмине КОВИД пандемијата, е заклучокот од средбата на туристичкиот сектор во земјава со претставниците на ОН
По 25 години волонтерство за подобрување на менталното здравје во Камбоџа, капетанот на Австралиската армија Миле Гламчевски, инаку со македонско потекло, стана витез на Камбоџа
Вкупно 60.350 земјоделци досега поднеле барања за субвенции. Рокот за аплицирање истекува утре, на 31 јули