Преку мерката МојДДВ која стартуваше во јули минатата година до март годинава на граѓаните им е извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра
Близу 30 милиони евра потрошиле македонските граѓани на е-продавници во првите три месеци од годинава, а само во март 10,1 милион
Податоци за 165 деловни простории, 91 стан, 74 помошни простории, 27 гаражи, 134 парцели (градежно неизградено земјиште, дворни места, земјишта под згради, неизградено земјиште, шуми, лозје, ливади, пасишта, овоштарници), содржи моментно Регистарот на преземен имот наменет за продажба
Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден до 1,5 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,98 отсто.
До крајот на неделата се очекува да се дистрибуираат околу 100.000 картички од банките до корисниците на домашни платежни картички, а веќе 10.000 граѓани ги имаат добиено картичките и можат да ги користат, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска на гостувањето во „Утрински брифинг“
Халкбанк АД Скопје ги повикува сите граѓани кои имаат добиено финансиска поддршка од страна на Владата на Република Македонија во рамките на програмата „КУПУВАМ ДОМАШНО’’, а која треба да се реализира преку Банката, доколку досега не извршиле ажурирање на своите лични податоци (телефонски број), тоа да го направат во најкус можен рок
По објавената анализа за екстра лесното гориво на Министерството за финансии, компанијата „Макпетрол“ денеска преку соопштение оцени дека со неа се констатираат злоупотребите што се прават со ова гориво со години, но нема конкретни мерки, како и дека некој смислено го одолговлекува решението на проблемот
Преку Развојната банка досега се доделени 7,13 милиони евра од бескаматната кредитна линија Ковид 2, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил
Податоците покажуваат дека бројот на плаќања преку електронско банкарство во март е зголемен за околу 30 отсто, а бројот пак на регистрирани е-продавници во овој период е поголем од оној регистриран во текот на цела 2019 година
Над 20.000 мејлови со забелешки се пристигнати до Генералниот секретаријат на Владата од граѓани кои ги исполнуваат условите за добивање картичка со 3.000 денари, а не можеле да се најдат на листата корисници на домашната платежна картичка kupuvajdomasno.gov.mk