Соред него, за да има координиран и системски одговор неопходно е да се продолжи со усогласување на законите за да можат сите земји организирано да реагираат затоа што енергетските системи не се сами за себе, туку се врзани садови.
Состојбите во туристичко – угостителскиот сектор, мерките кои Министерството за економија и Владата ги превзема за справување со кризата предизвикана од Ковид-19, како и проблемите со кои се соочува овој сектор, беа теми на кои денеска разговараа министерот за економија Крешник Бектеши, претставници на туристичко-угостителскиот сектор и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара работниците заболени од коронавирусот, COVID – 19, работниците кои се во изолација или во само изолација поради изложеност на COVID – 19, да им биде исплатен надомест на плата за боледување, односно надомест за професионално заболување во висина од 100 проценти
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски, кој лани во декември едногласно беше избран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (ECRB), денеска онлајн ќе претседава со 45. Состанок на Одборот на регулатори
Националниот совет за одржлив развој, денеска на оналјн седница го разгледа Доброволниот национален преглед за имплементација на „Агендата 2030“ на Организацијата на Обединетите нации, пред тој да биде разгледан и усвоен од страна на Владата.
Ударот од кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот Ковид-19 врз економијата започна во втората половина од март 2020, што предизвика БДП во целото тримесечие да се зголеми само за 0,2 отсто, наведува Фајнанс Тинк
Над 33 илјади денари биле потребни на едно домаќинство во мај годинава за потребите во домот. Синдикалната минимална кошница во мај, според податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија, изнесува 33.315 денари, а најголем дел од средстсвата отпаѓаат на исхрана и пијалаци 42,61 отсто
Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од годинава во државава изнесува 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика
Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден до 1,5 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)
Трошоците на животот и цените на мало во мај во однос на април годинава се зголемени за 0,4 отсто, додека споредено со мај лани бележат намалување за 0,2, односно 1,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика