До крајот на месецов се очекува да заврши инсталирањето на електронскиот систем за наплата на патарините, најави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.
Се уште не се знае колку дополнително ќе чини изградбата на автопатот Кичево - Охрид. Во моментот се преговара за дополнителните активности кои не биле предвидени со проектот како што се клучките, споредните патишта и довршувањето на тунелот.
Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) искажува длабока загриженост за безбедносната состојба во земјата, особено во Скопскиот и Полошкиот регион поради, како што наведува, последните случувања во неколку маркети во Скопје и Тетово кои се мета на крадци.
Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на Форумот на централно банкарство на Европската централна банка (ЕЦБ), што традиционално се одржува во Синтра, Португалија.
Во Скопје денеска ќе се одржи конференција посветена на семејните бизниси на која ќе бидат пренесени меѓународни искуства како успешно да се пренесе семејниот бизнис на следните генерации.
Нашите идни генерации треба да ги видат економските бенефити од договорот со Грција. Без разлика на трошоците што можеби ќе настанат од имплементацијата на овој договор, придобивките се многу големи, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Тринаесет граѓански организации бараат од Владата да ја повлече законската обврска со која Управата за јавни приходи треба да врши службена регистрација на физичките лица како обврзници на ДДВ.
Хеленик Петролеум иницира, а Владата со задоволство ќе прифати средба и ќе преговара за нафтоводот, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Сите компании што инвестирале и што вработиле луѓе во текот на 2017 година, од денеска до крајот на јуни може да аплицираат за поврат на средствата, соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Огромно ќе биде влијанието од потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција врз бизнисот.