Најдоцна до петок, пред завршување на вонредната состојба в сабота, ќе бидат донесени сите уредби од третиот пакет антикризни мерки. Нивното изготвување е при крај, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
Одземени се пет концесии за минерални суровини, речиси сите во околината на село Лабуништа, за да се заштити здравјето на жителите и животната средина, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши
Владата на денешната 57-ма седница ја разгледа и усвои информацијата со Правилник за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19
Приходите од патарини во перидот од јануари до април годинава се намалени за околу 10% споредено со лани. Во март и април, заради корона кризата намалувањето изнесува над 35% споредено со истите месеци во 2019 година.
Комората на сметководители на Македонија при Сојузот на стопански комори, денес обезбеди дигитален пулт за бесконтактно мерење на температура и за дезинфекција за Институтот по белодробни заболувања кај децата Козле
Околу 60 вработени во прилепски „Еурокомпозит“ велат дека се чувствуваат отфрлено и изневерено зашто не може да се пронајдат во ниту еден сет мерки што ги носи Владата. Денеска дознаа дека актуелниот директор си поднесува оставка
Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 8,50 отсто, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Над 320.000 пензионери ќе ја добијат предвреме мајската пензија. Исплатата почнува утре, 27 мај, и ќе биде етапна
Дел од мерките според најавите треба да почнат да се применуваат во јуни и јули
Пензионерите кои поседуваат дебитна картичка и од среда ќе располагаат со својата мајска пензија, заради заштита на јавното здравје да настојуваат секогаш кога имаат потреба од готовина, за таа цел да ги користат банкоматите со што ќе придонесат за помало физичко присуство во банките и ќе им дадат предност на пензионерите кои во моментот не поседуваат дебитна картичка, апелираат од Народната банка