За разлика од претходните години, кога невработеноста на младите се движеше околу 50 отсто, во првиот квартал од 2018 година, таа е намалена до 35,9 отсто, што претставува успех, истакна Младен Фрчковски од Министерството за труд и социјална политика.
Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска изјави дека во моментов не се работи на ребаланс на Буџетот зашто реализацијата на приходите е одлична и тие се собираат согласно проектираното.
Општините Кочани и Пробиштип, кои се основачи на заедничкото јавно претпијатие „Пониква КП“, започнаа постапка за негова ликвидација. Одлуката за згаснување на претпријатието доаѓа по пет години од основањето, откако тоа воопшто не проработи во дејноста за која беше регистрирано.
Охридска банка - Сосиете Женерал и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска потпишаа договор со кој на малите и средни претпријатија во Македонија им се ставаат на располагање 10 милиони евра повластени кредити за инвестиции.
Владата ги повикува сите граѓански организации во земјава да се вклучат во мониторнигот на јавните набавки со цел да бидат целосно заштитени од можности за злоупотреби.
Во Подрачнатата единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар, илјада земјоделци од општините Дебар и Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, доставиле барања за финансиска подршка.
Според СКТМ, објавените информации во порталите се дадени произволно и не се поткрепени со конкретни факти или истражување.
Американската компанија „Теламон“ ќе вложи четири милиони евра во капацитет во Македонија во кој според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во првите пет години.
Владата на Република Македонија на денешната 75. седница одлучи да му предложи на Собранието нов претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Владата на денешната 75. седница ја усвои предлог - завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, со конечен извештај на овластен државен ревизор.