Како што вели Николоски, политикита на субвенции што ја води Владата ги дава првите резултати. За неколку месеци има десет нови дестинации од двата аеродрома, во Скопје и во Охрид.
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун посети фабрика за тенкови и изрази задоволство од подобрениот структурен дизајн на тенковите произведени во неговата земја.
Од Меѓународниот аеродром Скопје вечерва стартуваа првите летови за Барселона и за Лион на нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Како што информира ТАВ Македонија, за Барселона полетаа 161 патник, а за Лион 180.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува да продолжи тенденцијата на намалување на јавниот долг и неговото ниво до крајот на мандатот на оваа Влада да изнесува под 55 отсто, па дури, како што рече, и под 50 проценти.
Владата нема да дозволи никакви трикови за зголемување на цените во маркетите и ќе ги засили контролите не само кај трговците, туку и кај дистрибутерите и производителите. Притоа, посебно внимание ќе се обрне на влезните фактури, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните најдоцна до крајот на месец мај да направат увид во генерираните ДЛД-ГДП кои се однесуваат за остварените приходи во 2024 година, а се поставени на нивните кориснички профили на системот „е-Даночни услуги“.
Бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на март годиава е намален за 4,3 проценти, а во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани за 3,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ова, додава тој, е најниско ниво во последните пет години и споредено со состојбата од 2020 година, јавниот долг е намален за -2%, а државниот долг е намален за -0,7%.
Министерството за финансии ги објави податоците за нивото на јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година.
Народната банка традиционално, по повод денот на монетарната самостојност, ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи.