Ваквото ограничување, како што информираат од Владата, ќе се спроведува по пат на издавање на дозволи од Министерството за економија преку едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки-ЕХИМ, под име на лиценца Е004 МЕ.
Информацијата според која Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) позитивно одговорил на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот, Владата ја усвоила на денешната седница.
Согласно понудата, Комерцијална банка одобрува грејс период од шест месеци за плаќање на достасани обврски по основ на кредитните картички за правни лица, период во кој Банката нема да пресметува минимален износ за плаќање.
За најмалку 70% ќе се намалат ратите за кредитите од финансиските и лизинг друштва во следните три месеци за граѓаните, за кои нема да смеат да се пресметуваат и наплатуваат трошоци, провизии и казнени камати.
Со новата Уредба за примена на Законот за трговските друштва (Службен весник на РСМ бр.87/2020) се исполнети законските услови и Комерцијална банка АД Скопје вчера го одржа своето редовно Годишно собрание, на кое акционерите учествуваа и гласаа преку писмена кореспонденција
Ратите на кредитите од финансиските друштва и лизинг компаниите се намалуваат за најмалку 70 отсто во следните три месеци за граѓаните, во насока на помош за надминување на ударите од Covid-19, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска го потпиша финансискиот пакет вреден четири милиони евра за итни медицински потреби на Македонија, како одговор на кризата со Ковид-19
Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, коментирајќи ја одлуката на Министертсвото за економија донесена денеска по средбата со мелничарите, на својот фејсбук профил напиша дека извоз на брашно не смее да се дозволи.
Ова е ставот на Националната федерација на фармери (НФФ) по денешната одлука на Министерството за економија да се смени Уредбата со која е забранет извоз на пченица и брашно.
Новонастанатата ситуација со светската епидемија на коронавирусот секако ќе ги засегне сите сфери на општественото живеење. Во услови кога светот се обидува да се справи со болеста, секако погодена е и економијата.