Има дополнителни расходи што се непродуктивни и ќе се кратат, покрај намалувањето на платите на функционерите и укинувањето на надоместоците за членовите на управни и надзорни одбори кои имаат приходи од друго место, најави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
Министерството за финасии има три основни сценарија – поволно, неповолно и најнеповолно за справување со последиците што ги предизвика коронавирусот во економијата, а најголемиот удар во сите се очекува во вториот квартал од годинава, најави денеска министерката за финасии Нина Ангеловска.
НЕОКОМ преку својата платформа neoCloud заедно со Македонска берза им овозможи специјална услуга на брокерите, со која во периодот додека трае кризата со коронавирусот COVID-19, бесплатно ќе може да се приклучат од далечина и да продолжат со редовните активности на берзата, согласно препораките од надлежните институции за непречено тргување во услови на физичко дистанцирање.
Можностите за правните лица вклучуваат соодветно прилагодување или одложување на отплатата на кредитите, можности за рефинансирање, како и понуда на кредитна поддршка за ликвидносни потреби.
Сојузот на стопански комори (ССК) се оградува од вториот сет владини мерки што ги соопшти денеска премиерот Оливер Спасовски.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) по објавувањето на вториот сет владини мерки излезе со соопштение во кое го поздравува ставот на Владата да нема намалување на платите на вработените во јавниот и приватниот сектор.
Услови за да се користи оваа мерка е компаниите да немаат исплатено дивиденда, бонуси, годишни награди и награди за деловна успешност и да имаат најмалку 30 проценти намалуавање на приходите споредено со просекот од минатата година
Сите граѓани кои ќе останат без работа поради кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот, од државата ќе добиваат надомест во висина од 50 проценти од нивната месечна плата во измината година.
Сите занаетчии, автомеханичари, фризери, бербери, пекари,… може да аплицираат за владината поддршка од вториот сет економски мерки што денеска го соопшти премиерот Оливер Спасовски.
Компанијата „Пекабеско“ изврши аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка за 2020 година во висина од 8.833.000 денари со што се приклучува на иницијативата на Владата и Министерството за финансии за давање конкретен придонес