Комерцијална банка АД Скопје обезбеди парична донација во износ од 6.150.000 денари и дополнителна заштитна опрема (34.250 медицински заштитни маски за лице) во вредност од 1.200.000 денари за потребите на Министерството за здравство, со цел да им помогне на здравствените работници во справување кризата предизвикана од коронавирусот
Извозот на зелка оваа година споредено со минатата година е зголемен за 28 отсто, соопшти Министерството за земјоделство
Стопанската комора на Македонија го поздравува влезот на земјава во НАТО. Нагласува дека со овој чин е остварена нашата повеќедецениска стратешка цел со која, освен од безбедносен, ни се отвораат големи перспективи и од економски аспект
Финансиска поддршка за претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати за своите вработени во висина од 14.500 денари за месеците април и мај, кратење на платите за сите избрани и именувани функционери на ниво на минимална плата и формирање на солидарен фонд во кој ќе се донираат средства за справување со кризата со коронавирусот, се дел од вториот пакет мерки што денеска ги презентирање Владата за справување со последиците што ги предизвикува коронавирусот
Дополнителни осум милиони евра се обезбедуваат преку Развојната банка за поддршка на микро, малите и средни претпријатија за обртни средства и околу 50 милиони евра за заштита на ликвидноста на претпријатијата
Просечната цена на квадратен метар станбена површина поевтинела за 4,3 отсто во втората половина од минатата година во однос на првата половина, при што во Скопје намалувањето изнесува 2,8 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика
Намален број на говеда, овци, кози, звињи и живина, бележи Државниот завод за статистика (ДЗС) минатата година во споредба со 2018-та. Намалување, како што соопшти, е евидентирано и во производството на млеко (кравјо, овчо и козјо). Зголемување има само кај месото
Секторите со економска активност во земјава во текот на 2018 година создале 1143 илјади тони отпад, од нив 98,21 отсто е неопасен,а 1,79 отсто опасен отпад, објави Државниот завод за статистика
Во трговијата на мало, во февруари 2020 година споредено со февруари 2019 година се бележи пораст во трговијата со храна, пијалоци и тутун и непрехранбени продукти освен горива, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика
Бројот на работници во индустријата во февруари годинава, во однос на февруари лани е намален за 3,2 отсто