Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата во второто полугодие на минатата година изнесуваше 4.859 денари по KWh, што претставува раст од 1,9 отсто во споредба со првото полугодие на 2019 година, објави Државнот завод за статистика
Одгледувачите алармираат дека имаат уште малку сточна храна. Бараат владиниот Кризен штаб или да овозможи транспорт на јагнињата до кланиците или да организира достава на пченка и јачмен
Во февруари 2020, во споредба со јануари 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите трајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто, енергија за 3,3 отсто и интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто
Индустриското производство во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, бележи раст од 3,5 отсто, а за двата месеца од годинава, во односна јануари и февруари минатата година растот е 1,9 отсто, објави Државниот завод за статистика
Транспортерите бараат посебни пунктови за брзи корона-тестови и пролонгирање на рокот за регистрација на нивните возила до завршувањето на кризата
Цените на бензините од полноќ се намалуваат од денар до денар ипол, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика
Без помош од државата поради намалената побарувачка на услугите од пандемијата се доведува во прашање опстојувањето на бизнисите и работните места на 5 800 занаетчии и 3300 други вработени во оваа дејност, апелираше денеска претседателот на Занаетчиската комора на Скопје Никола Петров
Услужната комора при Сојузот на стопански комори денеска ќе ги презентира штетите во транспортот што ги предизвика коронавирусот и ќе предложи мерки за ублажување на состојбите
Банките итно да се произнесат за времетраењето на одложување на отплата на ратите од кредитите и да испратат пораки или електронски да ги известат граѓаните. Ова го предлагаме затоа што почнува да се прави метеж пред експозитурите, пред се од работниците кои добија отказ.
Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Р. Македонија (УПОЗ), деновиве со загриженост ги проследи и последните настапи и изјави на челниците на владеачката партија, а во врска со предлог мерките со кои на вработените во администацијата и јавниот сектор за месеците април и мај треба да им се исплати минимална плата