Депозитите на граѓаните во банките се сигурни и не постои простор за загриженост, а прогласувањето на вонредната состојба не подразбира промени во процесот на банкарското работење, порачуваат од Народната банка.
Управата за јавни приходи (УЈП) од утре го продолжува работното време од 8:00 до 14:00 часот за прием на странки во регионалните дирекции, одделенијата и шалтерите, информираат од УЈП
Со Ковид-19 се заразени и сметководители, поради што бараме состојбата итно да се разгледа и ако е можно да се донесат дополнителни мерки за заштита на фелата, соопшти денеска Институтот на сметководители
Граѓанската иницијатива АВАЈА започна петиција за одложено плаќање кредити од небанкарски институции кои даваат брзи он-лајн кредити, штедилници и кредитни фондации
Снежните врнежи и ниските ноќни температури деновиве ќе влијаат негативно на пчеларството поради вонредната состојба и ограниченото движење, посебно на повозрасните, категорија во која спаѓаат поголемиот број одлегувачи на пчели од Кривопаланечко
Паметен, амбициозен и навремен одговор на економските власти може да ги намали штетите врз економијата и домаќинствата
Извозот на брашно од српските мелници тргна за Македонија и Црна Гора, а се очекува одредени количини да бидат испорачани и во БиХ и Албанија, изјави директорот на Здружението „Житоунија“, Здравско Шајатовиќ
Банките и штедилниците во согласност со донесената Уредба, ќе подготват и понудат можности на клиентите за променети договорни услови со цел ублажување на негативните економски ефекти на пандемијата со Ковид-19, која директно се одрази на дел од компаниите и физичките лица и нивната способност за редовно сервисирање на долговите
Да се плати административна такса за документите потребни за аплицирање на повикот за бескаматната поддршка на фирмите објавен вчера, а Развојната банка да ги обезбеди електронски, по службена должност, за да намалат дополнителните трошоци, времето и ризикот по здравјето на сметководителите
Директорот на Делегацијата на германското стопанство во земјава Патрик Мартенс ги потсетува компаниите членки дека стартуваше почетниот сигнал за отпочнување на преговорите за пристапување во Европската Унија за Албанија и Македонија и им вели дека по завршувањето на кризата со коронавирусот сака да играат водечка улога во преструктуирањето на глобалните синџири на добавувачи