Земјава во јануари годинава вкупно потрошила 865.418 мегават часови електрична енергија, 40,580 милиони нормални кубни метри природен гас, 616.687 тони јаглен и 73.559 тони нафтени продукти.
Забраната што ја воведоа турските власти за влез на македонски транспортери во земјата, како дел од тамошните мерки за заштита од коронавирусот, сериозно ги погодува нашите компании кои вршат извоз и увоз во и преку Турција за азиските пазари, соопшти Стопанската комора на Македонија.
Целта е, како што соопшти, уште поголема поддршка на компаниите преку обезбедување континуирана достапност на информации и преземање активности за полесно пребродување на кризната ситуација.
Објавен е првиот повик за директна кредитна поддршка на микро, малите и средните претпријатија преку Развојната банка на Македонија.
Државата да каже дали предвидува поддршка за угостителите. Ако не, тие навреме да бараат помош преку други мерки, за да не останат без никаков приход, апелира денеска Групацијата за угостителство при Сојузот на стопански комори.
Асоцијацијата за е-трговијата апелира до граѓаните во услови кога се соочуваме со пандемија на коронавирусот, да направат нарачка и да ги добијат потребните намирници на домашна адреса, онлајн да ги плаќаат сметките за струја, вода, телефон и интернет и да ги минимизираат посетите во банките, а наместо тоа, да користат електронско банкарство
До 29 април 2020 година се пролонгира рокот за поднесување апликации за користење ИПАРД средства за мерката Инвестиции во земјоделски стопанства, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Снегот што падна првите два дена откако земјава ја зафати бранот врнежи, може да предизвика штети кај кајсиите зашто поради ниските утрински температури, се задржа на цветот. Во овој период најосетливи се раните сорти кајсии, вели агрометеорологот Ангелко Ангелески
Банките да ја стават добивката остварена во изминатата година во функција на натамошно зголемување на капиталот и финансискиот потенцијал на банките
Инспекциите се на терен, а казните изнесуваат осум илјади евра за правно лице и 2.400 евра за одговорното лице. Покрај замрзнување на цените на основни продукти, се замрзнуваат и цените на јужното овошје