НЛБ Банка, согласно моменталните случувања со пандемијата на коронавирусот, а во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, од утре ќе почне исплата на пензиите.
Стопанска банка АД Скопје информира дека утре ќе ги исплати пензиите за корисниците на дебитни картички, кои средствата ќе може веднаш да ги користат во трговија или на банкомати.
Халк банка соопшти дека утре ќе изврши предвремена исплата на мартовската пензија.
Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони информира дека во моментов ниту еден странски инвеститор не најавил отпуштање на работници, ниту пак повлекување на инвестициите.
Коморскиот инвестициски форум во кој членуваат стопанските комори на шесте држави од Западен Балкан испрати апел до Европската Унија да ја прошири листата на земји со дозвола за увоз од ЕУ, како и за проширување на иницијативата за „зелени коридори“ кон Западен Балкан.
Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 1 до 29 февруари годинава се продолжува до 31 март годинава
Дел од компаниите што увезувале јужно овошје во нашата држава намерно имале шпекулативен однос кон пазарот и тие артикли не ги појавувале со цел цената да се зголеми, појасни директорот на Државен пазарен инспекторат Стојко Пауновски, одговарајќи на новинарско прашање за високите цени во маркетите, наспроти владината одлука за најголемата маржа што може да ја применуваат на јужното овошје
Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) не го прифаќа предлогот за минимална плата за вработените и сметаат дека во моментот тоа е контрапродуктивно
За четири дена, од 19 до 22 март, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), извршила 189 надзори
Предвремената уплата ќе се пребива со износот на месечните обврски по основ на данокот на добивка (МДБ) кои ќе бидат генерирани на месечно ниво, соопшти УЈП