Министерот за економија Крешник Бектеши им порачува на граѓаните дека има доволно храна во земјава за неколку месеци, а на трговците да ги почитуваат одлуките на Владата за цените на производите
Владата на предлог на Министерството за економија стопроцентно ги укина царинските давачки за 13 медицински производи, кои се се увезуваат како потрошен медицински материјал. Укинувањето на царинската стапка за овие стоки ќе важи до завршувањето на вонредната состојба поради корона виирусот, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Граѓаните кои уплатиле туристички аранжман, а им пропаднал поради кризата со коронавирусот, ќе добијат ваучер од туристичките агенции со важност до 31 декември следната година
Владата на вчерашната седница донесе одлука за укинување на увозната давачка – царинска стапка за одредени стоки – потрошен медицински материјал во врска со ослободување на царинските давачки за сите медицински помагала и потрошниот медицински материјал кој се увезува во Република Македонија
Владата на вчерашната седница донесе Уредба со која стапува во сила Законот за стечај за време на вонредна состојба
Домашните институции и транспортни асоцијации во соработка со партнерите од регионот и пошироко преземаат активности за нормализирање на работата на транспортот на стока во услови на вонредба состојба и затворени граници поради кризата со Ковид 19
Производствените погони и фабрики го продолжуваат своето производство организирано во смени за време и на полицискиот час, а работниците во време на забраната ќе се движат со посебни дозволи за вршење на сменска и ноќна работа.
Сојузот на синдикати на Македонија смета дека исплатата на минимална плата за администрацијата и јавниот сектор може да повлече и исплата и на минимална плата во целиот приватен сектор што ќе се одрази врз егзистенцијата на работниците.
Според Јакимоска компаниите во Прилеп не отпуштаат работници, а ги поздравуваме мерките на Народна банка за одложување на ратите на кредитите на правните и на физичките лица што значи поддршка на ликвидноста на компаниите.
Компаниите кои работат во смени и се регистрирани за ноќна работа можат на интернет страницата на Стопанската комора на Македонија (www.mchamber.mk) да го најдат образецот за издавање на дозвола за движење на своите вработени за време на полицискиот час.