Од ФИТР наведоа дека иницијалните бројки покажуваат дека 57 отсто од иницијативите се поднесени од компании, здруженија или организации, а околу 43 проценти се поднесени од физички лица.
Од Министерството апелираат до правните субјекти во оваа вонредна состојба сите да покажат одговорност. Посочуваат дека инспекциските служби се на терен и ќе го следат почитувањето на препораките.
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска реагираше на предлогот за намалување на платите во јавната администрација. За нив, овој предлог е неприфатлив.
Владата на предлог на Министерството за економија и на Царинската управа ќе донесе одлука за автономни мерки за ослободување од плаќање на царина на суровини и материјали и опрема за медицински цели. Од плаќање царина ќе бидат ослободени средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, заштитни очила, медицинска опрема
Цените на горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат од три до пет денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Полека го нормализираме работењето на транспортните компании кои вршат транспорт на стока во вакви услови. Непрекинато се одвива процесот на издавање лиценци, одобренија, дозволи
Увозот и извозот на стоки во земјава оди регуларно и без никакви попречувања, порача денеска директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски
Засега нема потреба од страв кај овоштарите, бидејќи моменталните температури не се пониски од -4° или -5° степени целзиусови, што значи дека снегот нема да им направи проблем на овошките, вели Мемедов
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) не се согласува со предлогот на СДСМ за намалување на платите на вработените во јавната администрација и бара од Владата доколку добие таков предлог, тој да биде одбиен
За справување со економските последици од коронавирусот државата ќе побара вкупно 400 милиони евра заем од еврообврзница, кои треба да помогнат да биде подготвена за најлоши сценарија. Претходно, Владата донесе првичен сет мерки, за ублажување на првиот удар, со најава на дополнителни, како што ќе се развива ситуацијата