Државниот пазарен инспекторат досега затворил преку 17 објекти кои не ги почитувале владините мерки за заштита од коронавирусот.
Неопходен е план со мерки за справување со економските последици од коронавирусот што е обезбеди разумно балансирање помеѓу ликвидносната поддршка накомпаниите и граѓаните од една страна и капацитетот на државниот буџет од друга страна апелира Finance Think
Според него, цената на пченицата е зголемена последните два месеца и поскапувањето на брашното од десет до 15 е во кнтекст на тоа зголемување.
Како што и најавија, дел од дебарските сточари и сопственици на молзни крави, денеска се собраа пред општинската зграда во Дебар, каде што е сместен Оперативниот штаб
Народната банка во насока на заштита на здравјето на граѓаните апелира помалку да се користи готовина и да се зголеми употребата на платежните картички и другите алтернативни електронски начини на извршување на трансакциите.
Состојбата со коронавирусот и мерките за превенција со апели да се ограничи патувањето се одрази на бројот на патници со Железницата, каде бројот на превезени патници во просек е намален од 1 750 на 480, а во меѓуопштинскиот превоз линиите се двојно намалени или укинати
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засилија контролите кај операторите со храна кои вршат онлајн – трговија и достава врз основа на телефонските нарачки на граѓаните.
Како што изјави претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев, во ваква невообичаена ситуација, битно е да се делува брзо, надлежните да кажат навреме на кој начин ќе се реализира извозот и за тоа да ги известат производителите и трговците
Потребни се појасни мерки и конкретна стратегија за справување со ефектите што ќе ги предизвика пандемијата со коронавирусот, изјави Маријана Перковска од Текстилниот кластер.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека на сметките на 5.698 лица исплати 98.042.614,00 денари за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко