Рекорден број 235 стартап компании аплицираа на вториот јавен повик „Стартапувај 2“, наменет за кофинансирани грантови за новоосновани компании кој Фондот за иновации и технолошки развој го спроведува во соработка со Светска банка, што е за 30% повеќе во споредба со првиот повик наменет за поддршка на стартапи реализиран минатата година на кој беа пријавени 186 апликанти
Владата доцна синоќа донесе Одлука за замрзнување на цените на основните продукти: леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциски средства со состојба на денот на прогласување на пандемијата од Светската здравствена организација (СЗО), освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе одржи работен состанок со сопствениците на најголемите супермаркети во земјата
Нема место за паника, има доволно залихи, особено за основните производи. Ги следиме трендовите и на увоз и на извоз на соодветните продукти и навремено ќе известиме за секакви мерки што ќе ги преземе Владата по првично направени детални анализи.
Во таа насока, посочуваат, Комисијата за хартии од вредност внимателно ја следи состојбата со оглед на постојаното влијание на појавата на новата вирусна инфекција COVID-19 на пазарот на хартии од вредност и дава препораки до овластените учесници на пазарот.
А1 Македонија ги продолжува активностите како поддршка за сите свои корисници со цел поедноставно секојдневие во новонастанатата состојба предзивкана од COVID -19 вирусот.
Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на северозападна Македонија, МАСИТ и Сојузот на стопански комори (ССК) денеска до Владата и официјално ги доставија барањата за справување со новонастанатата ситуација предизвикана од коронавирусот.
Компаниите-кориснички на средства од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) почнаа бесплатно да им ги нудат своите содржини (дигитални книжарници, игри, решенија за учење странски јазици, за помош на лица со посебни потреби или за справување со лажни вести) на граѓаните кои, согласно мерките за справување со коронавирусот, остануваат во своите домови
На иницијатива на МНР, шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска одржа работен состанок со амбасадорите на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и на Црна Гора во земјава за меѓусебна координација и договор што ќе овозможи непречен транспорт на стоки во регионот
ЕБОР оддели една милијарда евра итна помош, во форма на „Солидарен пакет” за мерките што ќе им помогнат на компаниите во регионите каде Банката има активности, да се справат со последиците од пандемијата на коронавирусот