Според „Фајнанс тинк“, во услови на настапување итност неопходно е да се предвиди заедничка и координирана акција на економските власти, првенствено Министерство за финансии и Народна банка во државава за преоценување на ликвидносната позиција на државниот Буџет.
Исто така, НЛБ Банка воведе превентивни мерки и насоки за заштита на вработените и клиентите:
А1 Македонија ja известува јавноста дека активно ја следи состојбата и развојот на настаните поврзани со вирусот COVID-19 во земјата и ги презема сите потребни мерки за превенција и заштита на своите корисници и сите вработени во компанијата
Државата да ги субвенционира производно-извозните компании на кои отпаѓаат само 15 проценти од вкупниот бизнис сектор и на кои се надоврзуваат останатите фирми насочени главно кон услужни дејности, апелира Сојузот на стопански комори (ССК).
Буџетот е во добра состојба, ликвиден и ги сервисира потребите. Буџетот на Министерството за здравство е навистина добро скроен за да може да издржи дополнителни потреби, рече во гостување на емисијата Економски магазин министерката за финансии Нина Ангеловска одговарајќи на прашање за способноста на буџетот да одговори на новите потреби поврзани со коронавирусот
Пред 30 години во земјава се засејуваа по околу 260.000 хектари житни култури, а денес површините се сведени на вкупно 119.000 хектари
Во јануари годинава во земјава имало 55.266 туристи кои оствариле 109.733 ноќевања, што протставува зголемување за 12,7 отсто на бројот на туристи во споредба со ланскиот јануари, додека бројот на ноќевања пораснал за 6,9 отсто
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) им препорачува на компаниите вршители на енергетски дејности, како и на јавните претпријатија што се даватели на водни услуги кон граѓаните, во следните две недели да се воздржат од исклучување на граѓаните од соодветните системи за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и вода поради неплатени сметки
Земјава е единствена во Европа, а можеби и во светот која не може да провери квалитет на семе со поминат рок и која, и по три децении, сé уште нема акредитирана лабораторија за издавање документи за извоз на семе
Македонската банкарска асоцијација апелира до клиентите на банките, штедлиниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро да ги ограничат посетите на експозитурите и деловните простории, да избегнуваат директен контакт и ракување со вработените и да се придржуваат целосно до сите препораки на Владата