Меѓународната финансиска корпорација (МФК), членка на Групацијата Светска Банка, потпиша договор за советодавни услуги со нашата Дирекција за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) за да ѝ помогне да спроведе кампања за привлекување инвестиции во напредните производствени сектори на државава
Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска оценува дека банкарскиот систем на нашата земја е отпорен на потенцијалните шокови, меѓу коишто се и можните ефекти врз економијата од ширењето на вирусот Ковид-19 на глобално ниво
Институтот за економонски истражувања и политики „Фајнанс тинк“ денеска оцени дека главниот економски ризик од состојбата со коронавирусот се однесува на потенцијално позначително нарушување на ликвидноста во економијата, поради што препорачува примарен фокус на секаков контингентен план да биде ставен врз овозможување поддршка на граѓаните и компаниите во непречено извршување на финансиските обврски
Шеесет и шест домашни компании од 74 кои аплицирале, продолжуваат во фазата на финална селекција на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој на ФИТР по редовна постапка. Вкупниот обем на инвестиции кај овие проекти е над 11,7 милиони евра
Вчерашната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче во врска со коронавирусот остави неколку отворени прашања кои предизвикаа несигурност кај локалните компании и мора да бидат решени во најкус рок, реагира денеска Делегацијата на германското стопанство во земјава
Кои се препораките и потребните агротехнички мерки за успешна пролетна сеидба, каква е актуелната состојба на терен и колку е важно користењето квалитетен семенски материјал за поголеми приноси, се само некои од темите за кои ќе стане збор на денешната прес-конференција што ја организира Агро бизнис комората при Сојузот на стопанските комори
На најновиот повик од ИПАРД 2 за мерката 1 досега се пријавиле 20 апликанти од велешкиот поширок регион во кој освен Општина Велес, се вклучени и земјоделци од Општина Градско и Општина Чашка
Здружението „Гласен текстилец“- Штип апелира ниту работниците, ниту работодавачите да не манипилураат и да не објавуваат лажни вести, околу препораките на Владата за да се спречи ширење на коронавирусот. Претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева е децидна дека засега немаат забележано непочитување на препораките
Во ситуации кога главен предизвик е решавање на проблемот со вирусот COVID-19, не треба да се гледа можност за постигнување одредени придобивки
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) апелира работодавачите во целост да ја почитуваат препораката за ослободување од работа на еден од родителите, а работниците да пријават во Државниот инспекторат за труд доколку се соочат со непочитување на препораката