Вкупно 3.820 лица кои одгледуваат и имаат презимени пчели добија 164.965.600,00 денари субвенции преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Од пластениците и оранжериите во селото Банско неделно се отупуваат над 200 илјади лути пиперки по цена од четири до шест денари за парче, информира Даме Тренчовски производител на оваа градинарска култура
Во рамки на проектот „Во задруга за подобра иднина“ што го спроведува CARE и Македонската развојна фондација за претпријатијата, финансиски поддржан од ЕУ, во Велес се одржа информативна сесија за земјделците, за нивно здружување во задруги и за повикот за аплицирање за финансиска поддршка што трае до 31 март
Европската банка за обнова и развој и додели два кредити на банката „Шпаркасе Македонија“ наменети за промоција на инвестиции во приватни згради во Македонија, објави порталот „Микрокапитал“
Седница на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), аосоцијацијата на стопанските комори од регионот на Западен Балкан, денеска ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија
Со речиси едночасовна блокада на патот Прилеп-Плетвар, работниците прогласени технолошки вишок и вработените од прилепски „Еурокомпозит“ го изразија револтот за неспроведувањето на Законот за исплата на придонесите, донесен од Собранието во октомври минатата година.
Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ) објави дека Меѓународниот аеродром „Скопје“ е добитник на Наградата за квалитет на аеродромските услуги (Еј-Ес-Кју) за 2019 година, рангирајќи го како еден од најдобрите аеродроми во Европа според искуството на патниците, во категоријата „аеродроми со број на патници од две до пет милиони годишно“
Извршната директорка на „Адора инженеринг“, Драгана Д. Чифлиганец синоќа ја доби престижната меѓународната награда „Дама на годината“ за иновативност во домувањето и за филантропија, на манифестацијата за избор на дами и џентлмени на годината на 12-тата по ред манифестација во Белекспо центарот во Белград
Трошоците на живот во февруари во однос на јануари годинава се зголемени за 0,1 отсто, а цените на мало се намалени за 0,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Споредено со февруари лани трошоците на живот се повисоки за 0,7 проценти, а цените на мало за 0,5 проценти
Популизмот е болест на регионот. Наместо да ги решаваат суштинските прашања, политичарите се борат единствено за тоа како да останат на власт