Зајакнување на позицијата на жените во сите индустрии, ќе биде клучното прашање за кое денеска ќе дискутираат потпретседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Габриела Кулебанова, претседателот на Здружението на бизнис жени, Валентина Дисоска и претседателот на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска
Фонд за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) денеска ќе одржи инфо сесија за вториот јавен повик „02 Предизвик 2“- Справување со климатски промени
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 1.972 одгледувачи на кози им исплати 61 милион денари. Станува збор за мерката „Директни плаќања за обележани грла кози“ чии корисници се земјоделски стопанства со најмалку 10 грла кози од сите категори.
Цените на угостителските услуги во февруари 2020 година, во однос на претходниот месец бележат раст од 0,2 отсто, објави Државниот завод за статистика
Индустриското производство во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи раст од 0,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Во земјава, Албанија и Србија се зголемени површините со пролетна зелка и тоа може да влијае на откупната цена на оваа градинарска култура, предупредуваат откупувачи од Струмичкиот регион
За 11 отсто е подобрена наплатата на ДДВ во првото полугодие од спроведувањето на МојДДВ. Министерката за финансии Нина Ангеловска, вели дека подобрувањето на наплатата на ДДВ е показател дека мерката дава резултати во сузбивањето на сивата економија, а 260.000 граѓани-контролори за истото добиваат награда преку поврат на ДДВ, но и преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда
Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на февруари, соопшти денеска Министерството за финансии
Според неа, ситуацијата со вирусот е неизвесна во глобални рамки, не се знае кон што ќе води и поради тоа не може да се квантифицираат евентуалните влијанија врз државната каса.
Регулаторна комисија за енергетика бара во Законот за градење, при издавање на одобрение за градба, покрај урбанистички план, точно да биде наведено со што ќе се грее секој нов објект.