Коронавирусот ќе предизвика остар пад во услужниот сектор, туризмот и индустријата, нарушувања во синџирот на снабдување, ослабена побарувачка за стоки и пад на довербата на потрошувачите, предвидува Бизнис конфедерацијата на Македонија и порачува, Владата, како и сите останати чинители брзо, ефикасно и паметно да делуваат, да ги следат глобалните индекси и да преземаат соодветни економски, социјални и здравствени мерки
Инфо-деновите за презентирање на Мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 Програмата денеска продолжуваат во Желино и Теарце
Завршна тркалезна маса по повод завршувањето на проектот „Платформа – жени на раководни позиции“ ќе се одржи денеска на Универзитетот за туризам и менаџмент, во организација на Здружението на жени менаџери ЕЛИТ
Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните средства и за што истите се наменети! Наместо за амбулантни возила, пари се трошеле за партиски вработувања, објави на Фејсбук дополнителниот заменик министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.
Тутунскиот комбинат (ТК) Прилеп минатата година ја заврши со добивка од 39 милиона и 220 илјади денари што главно се должи на подобрената продуктивност со растоварувањето од превработеноста, како и на стратегиското партнерство со „Филип Морис“.
Во четвртиот квартал од 2019 година во земјава имало вкупно 502.657 вработени и 9.053 слободни работни места, од кои најголем број 3.114 во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.
Поради големиот интерес од компаниите и поради обемната документација која се доставува за валидирање до 13 март е пролонгиран рокот за пријавување на обуките за идентификување
Рано е да се зборува за бројки за финансиски штети поради коронавирусот, будно се следи состојбата, а државниот Буџет е во добра кондиција во првите два месеца и имаме капацитет во секој момент да се справиме со какви било шокови, вели министерката за финансии Нина Ангеловска
Иницијативата „Мини Шенген“ е добра за граѓаните и економската интеграција во целиот регион на Западен Балкан (ЗБ), но некои земји не учествуваат заради суетата и сметаат дека е тоа е врзување за Белград, оценија на „Копаоник бизнис форумот“ поранешни високи официјални претставници на земјите на Западен Балкан
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за три, а дизел горивата за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика