Да се развие платформа за споделување знаење, каде сите земји ќе можат да видат најдобри практики од други држави
Во последното тримесечје од 2019 година градско-приградски превоз користеле 19.191.000 лица, со железница се возеле 148.000, додека со авион патувале 623.546 лица
Вкупно 607 милиони денари легнаа на сметките на 3.213 сточари, одгледувачи на овци, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски
Два милиони евра обезбеди Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за инвестиции во еколошки технологии со високи перформанси, наменети за згради во приватна сопственост и објекти за домување во земјава
Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест го поздравува носењето на новата стратегија за развој на енергетиката во земјава и посочува дека со неа првпат се предвидува напуштање на јагленот како енергенс и транзиција кон обновливи извори на енергија
Во четвртото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот квартал од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 19,3 проценти, во железничкиот превоз е зголеменo за 50 проценти, а во воздухопловниот превоз е намаленo за 10,1 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика
Според Димитров, веќе е затворен голем дел од северот на Италија каде се извезуваат македонски чевли, а алтернативен пазар за пласман засега нема.
Целосен колапс со масовно отпуштање на работниците, ѝ претстои на текстилната индустрија ако идните креатори на политиките наместо системска поддршка за поголема продуктивност во секторот, продолжат да форсираат мерки како што беше зголемувањето на минималната плата.
Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ ја прогласи „опел корса“ за освојувач на Гран при во 2020 година.
Премиерот на Македонија, Оливер Спасовски изјави денеска дека инфраструктурните проекти се од клучно значење за развој на регионот и нагласи дека патното, железничкото и гасното поврзување се од посебно значење за земјите од Западен Балкан.