Во Струга денеска ќе биде отворена фабриката Подгорка изградена со помош на европски финансиски средства.
На Листата на должници бр.12/2019 објавени се 2006 должници - правни лица (помалку за 14 од претходната листа) и 2527 физички лица (помалку за 12 од претходната листа).
Досега даночењето на возилата беше третирано исклучиво од фискален аспект на приходи во Буџетот. Со новиот предлог-закон се стимулира набавката на еколошки возила. Најчесто купуваните возила меѓу 8 и 15.000 евра, со еуро стандард 5 или 6, ќе имаат дури и помал данок.
Собранието на денешната седница го избра Максим Ацевски за главен државен ревизор, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Одкуката за изборот на Ацевски беше донесена едногласно со 81 глас „за“.
Фонд за иновации и технолошки развој и Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД) денеска потпишаа меморандум за соработка, со кој двете агенции се обврзуват заеднички да работат на зголемување на можностите на младите лица во државата.
Тој нагласи дека туристичката берза традицинално на едно место ги собира сите чинители во туризмот и додаде дека придонесува за зголемување на свеста за важноста на дојдовниот туризам.
Оттаму оценуваат дека трендот на пораст на девизниот прилив е континуиран и е во линија со нивните очекувања дека тековната година ќе достигне 400 милиони долари девизен прилив од туризам или за пет проценти повеќе од минатата година.
Министерството за економија преку измени на уредбата за увоз на возила во Законот за моторни возила ќе им овозможи субвенции на сите граѓани што ќе набават нови возила со ЕУРО5 или повисок еколошки стандард, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Дополнетиот буџет, како што соопштија од владината прес служба, содржи 12 амандмани што ги прифати Владата, а кои се произлезени од расправата за буџетот во собраниските комисии.
Просечно по 21 до 22 цигари дневно пуши секој пушач во државава. Државава е рангирана меѓу првите десет земји во светот во однос на преваленца на пушење која во 2018 година изнесуваше 40 проценти.