Францускиот магазин АД, посветен на декорацијата, уметноста, архитектурата и начинот на живеење, на своите читатели им препорачува пет дестинации за одмор во 2020 година, меѓу нив и Охрид во Македонија
Предлог-буџетот на Министерството за здравство за 2020 година изнесува 7,1 милијарда денари, и е зголемен за 634 милиони денари споредено со буџетот за годинава
Воведување данок на возила и зголемување на надоместоците кои се плаќаат при увоз на стари возила, се дел од мерките кои се предвидуваат за намалување на емисијата на гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина во земјава, предвидени со новиот закон за животна средина, кој е во владина процедура
Платежната агенција денеска соопшти дека на сметките на вкупно 4.207 земјоделци се исплатени околу 98,3 милиони денари
За 1,7 милијарди денари се намалени доспеаните обврски на институциите, општините и локалните установи во првите девет месеци годинава, споредено со истиот период лани. Ова, како што соопшти Министерството за финансии, го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за Телевизија 24
„Централна кооперативна банка“ (ЦКБ) соопшти дека во првите девет месеци од годинава забележала нето загуба од шест милиони денари (98.000 евра).
Народната банка ќе доставува известувања до Европскта комисија и квартални извештаи со статистички податоци за појава на евентуално фалсификувани ковани евра
Со поддршка на Европската Унија и Светската банка, Владата инсталираше фотоволтаични системи на 108 јавни објекти во 36 општини со кои се овозможува годишна заштеда од 190.000 евра за потрошената електрична енергија
Во организација на Советот за регионална соработка (РЦЦ) денеска во албанскиот град Драч ќе се одржи второто свечено доделување на грантови во рамки на проектот за развој и промоција на туризмот во земјите од Западен Балкан
Депозитите во октомври годинава бележат месечен раст од 0,4 отсто, што е резултат на зголемувањето на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на растот на депозитите кај корпоративниот сектор, објавува Народната банка