Бектеши истакна дека целта на проектот за решавање на долговите и излегување на деловните субјекти е да се надминат сегашните пропусти во рамката за инсолвентност.
Минатата година имаме рекордна сума искористени ИПА средства, односно европските фондови кои ни се на располагање - неколкукратно повеќе во споредба со претходните години, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.
Индустриското производство во април годинава во однос на април лани бележи раст од 1,5 проценти, додека во периодот јануари – април 2018 година, во однос на јануари – април лани растот изнесува 4,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Во рамки на АД МЕПСО треба да биде организирана посебна единица, во чиј состав ќе може да функционира организираниот пазар на електрична енергија. Првите резултати од оваа мерка можно е да бидат видливи за околу шест месеци.
Никој со сигурност не може да каже дали цената на електричната енергија во иднина ќе биде пониска. Тоа е како прашањето да го поставите дали цената на нафтата или на некој метал ќе биде пониска, порача денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.
Десет милиони денари државна помош ќе добијат годинава Локалните акциски групи (ЛАГ-ови). Во Македонија се регистрирани вкупно 13. Тие денеска и официјално ги добија решенијата од Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Бизнис делегација на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) од денеска до 1 јуни ќе учестувува на „Бизнис форум: Франција – Балкан 2018“, што се одржува во Белград, Република Србија.
Владата ќе додели на единиците за локални самоуправи 223 милиони денари за проекти за развој на селата и за развој на плански региони.
Меморанудмот го потпишаа извршниот директор на Регионалниот Центар за животна средина за Централна и Источна Европа со седиште во Будимпешта (РЕЦ) Михаил Димовски и директорот на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола, Васко Ковачевски.
Проектот „We Make“ - Женско претприемништво за конкурентност, денеска беше презентирано во Штип, а се реализира од страна на Здружението на Бизнис жени на Република Македонија и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.