Утре истекува рокот за аплицирање за добивање финансиска поддршка на производителите на ориз и оризова арпа, на произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, како и за производителите на органски земјоделски производи, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Собранието попладнево го донесе Законот за данок на личен доход со кој од 1 јануари 2019 година се напушта концептот на рамен данок и се воведува прогресивно оданочување.
Заштитните мерки за увоз на одредени челични производи во ЕУ, по истекот на времените мерки во почетокот на февруари идната година, внесуваат сериозна загриженост кај засегнатите компании од челичната индустрија, членки на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија.
Млади иноватори на возраст од 13 до 19 години добија по 120.000 денари за реализација на нивните решенија за намалување на загаденоста на воздухот во и околу училиштата за време на хакатонот организиран од CEED-Hub, со поддршка од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование, Фондот за иновации и технолошки развој и УНИЦЕФ.
Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Големите, традиционално етаблирани македонски компании на кои отпаѓаат 90 проценти од домашната економија се на дното во регионот по иновативност и дигитализација. Слабо внесуваат новини, инертни се и не сакаат да ризикуваат.
Јавниот долг е ставен под контрола, а годинава е направен сет од десет клучни реформи за подобар систем на јавни финансии. Ова денеска го истакна министерот за финансии Драган Тевдоски во изјава за медиумите.
Замена на Акцизата за увоз на возила со закон за данок на возила врз основа на емисиите на јаглерод диоксид, субвенции за „озеленување“ на возниот парк и измена на методологијата за пресметка на надомест за животна средина при годишна регистрација на возила врз основа на СО2 емисии, се предлозите што ќе бидат презентирани денеска на он-лајн јавната дебата за Политиката за економичност на горива на РМ.
Повратот на ДДВ кон фирмите достигна 22,8 милијарди денари или 370,7 милиони евра, заклучно со ноември. Тоа се 18 отсто повеќе во однос на лани. Министерот за финансии Драган Тевдовски за МИА вели дека повратот на ДДВ сега, за разлика од порано, се одвива редовно и навремено – по автоматизам.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР) Бајрам Реџепи денеска извршија увид во изградбата на магистралниот гасовод од Штип до Неготино.