Владата на денешната седница ќе ја разгледа нацрт - одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината.
Македонија идната година ќе воспостави „one stop shop“ и со Албанија, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Трибина за перспективите на македонската економија преку членството во ЕУ и НАТО, организира денеска Стопанската комора на Македонија.
Во текот на минатите две недели, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, облека, боја за ќунци, пластични штипки, контролери и грејачи за соларни бојлери и фалсификати.
Државата ќе им помогне на општините во враќање на затекнатите стари долгови, а со ребаланост во октомври ќе бидат алоцирани средства за трајно да се реши проблемот, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се решаваат долговите на училиштата.
- Нивното место е во фирмите и инфраструктурните објекти, односно таму каде што се создаваат услови за подобар бизнис, а се помалку во фотелјите, бидејќи тој начин на работа досега не даде добри резултати, рече Азески.
Синдикатот на прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ бара државата да преземе суштински чекори за решавање на тешката состојба во оваа фирма, единствен загубар во земјава.
- За жал многу мал дел од стопанствениците се заинтересирани за самата индустриска сопственост. По тој повод и сега и во иднина ќе имаме повеќе манифестации се со цел запознавање на стопанствениците и граѓаните што е тоа индустриска сопственост, зошто е добро да се заштити, потоа што се трговски марки, патенти, вели Герасимовски.
Во вторниот квартал статистичките податоци покажуваат дека стапката на слободни работни места изнесува 1,44 проценти, односно дека имало 7.199 слободни работни места.
Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува од еден од 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.