Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 26 април ќе учествува на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка коишто се одржуваат во Вашингтон.
Гувернерката и вицегувернерите ќе имаат средби и со претставници на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), заради размена на искуства за засилување на активностите за финансиска и родова вклученост.
Раст на македонската економија од 3,2 проценти за годинава и за следната 2026 година прогнозира Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај. Стапката на инфлација, според ММФ, годинава ќе изнесува 3,4 отсто, а следната година 2,2 проценти.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесува 43 053 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
-Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавите не е само законска обврска, туку и клучен фактор за финансиска стабилност и градење на довербата во институциите, велат од УЈП.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која е во работна посета на САД, оствари средба со претставници на македонската бизнис заедница во Чикаго.
Дополнуваат дека фактот што 2,5 минимални плати не ја покриваат вредноста на Синдикалната минимална кошница, реално и оправдано е барањето за зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, како и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра.
Заради обезбедување на потребната ефикасност на плаќањата во евра со зачленувањето на земјава во СЕПА, Советот на Народната банка на седницата извршил дополнителни промени во регулативната рамка за извршување на плаќањата со странство.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.
Писмо за искажување интерес треба да се достави до АЕК до 16 мај годинава, а од резултатот на јавната расправа согласно Законот за електронски комуникации ќе се одлучува за идните чекори за објавата на тедерот.