Советот на Народната банка на Република Македонија денеска го разгледа и усвои најновиот Квартален извештај, при што повторно беше истакнато дека по олабавувањето на монетарнaта политика кон крајот на првото тримесечје, основната каматна стапка остана непромената на нивото од 3,00%.
По налог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Министерството за внатрешни работи вчера од Фондот за иновации и технолошки развој ја одзело потребната документација во врска со распределбата на грантовите од Фондот на носители на јавни функции.
Во Македонија во мај година вкупната потрошувачка на енергенти изнесувала: 499 980 МWh електрична енергија, 4.114 мил. нм3 природен гас, 230 337 тони јаглен и 79 726 тони нафтени продукти, соопшти Државниот завод за статистика.
Владата одлучи гасоводната делница Скопје - Тетово - Гостивар, што е предвидено да заврши до Охрид, да продолжи да се гради по истата рута, но со неколку измени и мерки, најави директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР) Бајрам Реџепи во интервју за МИА.
Доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите и малините, се уште се опфатени со времената одлука на Косово за зголемени царини. Не беа дел од земјоделските култури кои се изземаа со завчерашната, нова одлука на косовските власти, а токму на нив отпаѓа најголемиот дел од македонскиот извоз на косовскиот пазар.
Во првата половина од 2018 година, реализацијата на капиталните инвестиции на државата изнесува 16.6% од буџетираните капитални инвестиции, со што капиталните инвестиции и понатаму бележат значајна подреализација, оценуваат од Институтот за економонски истражувања и политики „Фајнанс тинк“.
Косовската одлука за зголемување на царините само потврди дека пласманот на производите се уште е еден од најголемите проблеми на македонското земјоделство, смета Националната федерација на фармери (НФФ).
По заклучоците од денешниот состанок на ЦЕФТА земјите во Белград за косовските царини, министерот за економија Крешник Бектеши најави состанок со неговиот косовски колега Хасани за петок, 27 јули.
За еден ден се поднесени преку 200 барања за обесштетување на земјоделците од прилепските села Мало и Големо Коњари, како и од населбата Варош за штетите од завчерашното невреме.
Царинската управа на Рeпублика Македонија денеска потпиша меморандуми за соработка со Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и ДХЛ Експрес Македонија.