Интересот за користење кофинансирани грантови за микро, мали и средни претпријатија обезбедени согласно владиниот План за економски раст е голема.
Отворена е првата фабрика во Македонија за производство на фотоволтаични соларни и термални панели, домашна инвестиција на компанијата Пиксел груп во партнерство со Солар пауер.
Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска оствари средба со новоизбраниот гувернер на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска во Велес, одговарајќи на новинарски прашање за патот од Велес за Прилеп, преку Бабуна, рече дека Владата сериозно размислува за тој проект.
Планот за реорганизација на Фени не е најдоброто решение за комбинатот и крие многу опасности, сметаат од Минстрој холдинг АД Софија кои порачуваат дека треба да се оди на варијанта со впаричување на имотот.
АД Електрани на Македонија соопшти дека во текот на вчерашниот ден продал вишоци електрична енергија во количина од 24.480 мегават-часови за сума од 1.235.808 евра.
Претседателот Ивица Јаќимовски, истакна дека компаниите се среќаваат со сериозни административни проблеми на општинско ниво при издавање одбренија за градба.
Министерството за транспорт и врски до крајот на следниот месец ќе распише тендер за избор на авиокомпании кои ќе добиваат финансиска поддршка од државата за евтини авиолинии од македонските аеродроми, со посебен фокус на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
На 3.828 тутунопроизводители денеска ќе им бидат исплатени субвенции во износ од 235 милиони денари или близу 3,9 милиони евра за тутунот од реколтата 2017, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Владата на Република Македонија не го продава уделот на државата во Македонски Телеком, а таква информација немаме ниту од партнерите од Дојче Телеком, информираат за МИА од Владата.