Како што посочуваат од НФФ, нивната анализа покажала дека производната цена на пченицата за 2018 година изнесува околу 12 денари по килограм, а врз неа големо влијание имало поскапувањето на нафтата .
Владата преку инструменти на Македонската банка за поддршка на развојот, во рамки на своите надлежности, ќе направи напори, да се обезбедат средства, во форма на заем за „Југохром“, со кој ќе се продолжи проектот за изградба на системот за отпрашување.
Андреас Елснер, Главниот извршен директор и член на Одборот на директори на Македонски Телеком на 1 јули годинава заминува од компанијата, соопшти Македонски Телеком.
Од оваа сума околу 2,5 милиони денари се за субвенции за произведено и продадено овошје во преработувачки капацитети кои ќе се исплатат на 147 лица, а близу 1,2 милиони денари за интервентната мерка за праски за 56 лица.
Продолжување со спроведување на успешна и независна монтерна политика во насока на остварување на законски гарантираните цели на централната банка е предизвикот кој стои пред новоизбраниот гувернер на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска.
Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска оцени дека последните податоци на Државниот завод за статистика за раст на платите се показател оти владините мерки, како што е покачувањето на минималната плата, даваат резултати.
Стабилен курс на денарот и стабилен банкарски систем, што бележеше раст и развој, и ниска каматна стапка, што достигна историски најниско ниво.
Околу 18 проценти од своите бруто домашни производи губат земјите од Западен Балкан поради невклучувањето на сите жени на пазарот на труд.
Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ е во дводневна посета на Софија каде учествува на конференцијата „Балкански инженерски форум - Регионална соработка на Балканот".
Владата денеска на седница ќе расправа за информација во врска со потребата за донесување програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија.