По повод ден на Буџетот денеска во Собранието ќе се одржи годишна конференција на тема „Фискални реформи за праведен раст“.
Од стагнација во меѓусебните односи, двете земји сега може да соработуваат и ги искористат можностите и да се отстранат пречките за позасилена економска соработка. Ова го посочија премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во поздравните обраќања на Бизнис форумот Македонија-Грција што се одржува попладнево во Скопје
Во Скопје попладнево почна Бизнис форумот Македонија – Грција, на кој учествуваат околу 400 стопанственици од двете земји. На форумот ќе се обратат премиерот Зоран Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас
АД Македонски енергетски ресурси (МЕР) и грчкиот национален оператор ДЕСФА се обврзаа на поголема соработка за градење на капацитетите, усовршување на кадрите и забрзување на постапките за градење за интерконективниот вод кон Грција
Јарослав Нанак, претседател на Конфедерација на индустрија на Р.Чешка истакна дека Чешката Република има долга традиција на историски, економски и културни врски со Македонија и земјите од поранешна Југославија
Раст од 2,9 проценти СБ прогнозира и за Црна Гора, додека за Албанија проценува раст на економијата од 3,8 проценти, за Босна и Херцеговина од 3,4 проценти, за Косово 4,4 проценти, за Србија 3,5 проценти.
АД ЕЛЕМ ја заврши минатата година со добивка од 29.827.097 евра, што, според соопштението од компанијата, се должи, пред се, на нивното ефикасно работење и на одлично изведените и синхронизираните продажби на вишоци на електрична енергија со просечна цена за околу 50 проценти повисока од регулираната цена на електрична енергија.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ќе одржи подготвителна седница на која ќе го разгледа Правилникот за условите и критериумите за доделување на статус на затворен систем за дистрибуција на електрична енергија.
Светска банка денеска ќе го презентира полугодишниот економски извештај за земјите од Западен Балкан.