Процесот на денационализација на имотот во Македонија заврши во 2012 година. Беа решени над 30 илјади предмети во кој е вратен имотот или исплатени се обврзници.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска извршија увид во градежните активности кои се вршат на автопатската делница Неготино – Демир Капија. Вредноста на овој проект е пет милиони евра.
Минатиот месец споредено со февруари 2017. пораст од 0,8 проценти има во секторот „Рударство и вадење на камен“, од 7,1 процент во „преработувачката индустрија“, а опаѓање од 0,6 проценти во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“.
Тоа го побараа бизнисмените од Градежната комора при Сојузот на стопански комори денеска на средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ го стави штрајкот во мирување и од понеделник вработените ќе се вратат на работа откако генералниот директор Александар Кузески поднесе неотповиклива оставка.
- Ние не сме слепи имплементатори на нешто што сме ветиле и ни стои во некој документ. Целта е да се постигнат ефекти и бенефит за сите. Затоа, преку дебата ќе ја одредиме границата на другата стапка што ќе биде воведена, рече Заев.
Во моментов во Владата се изработува анализа за да се види кои ќе бидат придобивките од воведувањето повисок персонален данок за лицата кои повеќе заработуваат, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Голема заинтересираност и зголемен број посетители има на информативните сесии за објавениот втор повик за доделување подгрантови преку Проектот за локална и регионална конкурентност на туризмот. Апликантите се од различни сфери, од јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор.
На 19-от Меѓународен саем за туризам и активен одмор во Ниш, меѓу 130 излагачи и гости од Србија, Црна Гора, Бугарија, БиХ, Грција, застапена е и Македонија.
Одлични карактери, високи професионалци кои треба да претставуваат поттик за младите генерации на жени кои се високо едуцирани и влегуваат во бизнис водите за да остваруваат високи резултати на менаџерски и лидерски позици.