Пратеничката Јагода Шахпаска од СДСМ, која е еден од предлагачите во образложението на законското решение напомена дека ова е закон со кој се регулураат правата на стечајните работници.
Владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев од денеска до 26-ти овој месец учествува на настаните во рамките на „Конференција за економија: Балканот и Европската Унија-Петогодишен циклус на Берлинскиот процес“ што се одржува во Будва, Црна Гора .
Според информациите станува збор за „Европа“ и Фершпед. Се очекува бројот на лиценцирани економски овластени оператори да достинге 150.
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Царинската управа на Република Македонија го промовира концептот на овластен економски оператор (OEO).
Со влезот во НАТО се очекува стабилизација на пазарот на недвижности, но и зголемување на цената на становите. Градежните компании велат дека е неминовно да се зголеми цената на становите со оглед на тоа што веќе има зголемување на цената на градежните материјали.
Со договорот Република Македонија како држава се обврзала да применува методологија која е составен дел од тој договор во анексот „Д“, за определување на цената на нафтата и нафтените деривати, односно бензинот и дизелот.
Во Собранието на Република Македонија следната недела почнува расправата по ребалансот на Буџетот за 2018 година. Во понеделник е закажана седницата на матичната Комисија за финансирање и буџет. Согласно деловникот на Собранието во Комисијата трае 10 работни денови.
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Царинската управа на Република Македонија, организира настан на тема „Овластен економски оператор – нов тренд во царинското работење, предизвици, искуства и поедноставување на царинското работење“.
Вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која беше изнесена невистина дека МХЕ Тополки по пат на непосредна спогодба добило градежно земјиште за изградба на мала хидроцентрала, претставува класичен пример на манипулација на јавноста, реагира МХЕ Тополки до медиумите.
Во врска со прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, одржана на 22-ри октомври 2018 година, чувствуваме потреба да ја информираме јавноста, дека се работи за изнесување на неточни информации преку кои се прави обид да се наруши угледот на Владата на Република Македонија, на Претседателот на Владата, Зоран Заев и Заменикот на Претседателот на Владата, Кочо Анѓушев.