Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска на прес-конференција ќе информира за реализација на капиталните инвестиции во првиот квартал од оваа година
Општини, граѓански организации, училишта, универзитети, бизнис асоцијации и други непрофитни субјекти од Македонија во партнерство со субјекти од Косово можат да аплицираат на јавниот повик за проекти за прекугранична соработка финансирани од ИПА II програмата, за кои се предвидени околу два милиони евра
Поволниот макроекономски амбиент, солидните движења и перформансите на банкарските системи во земјите од регионот на Западен Балкан се основа за посилен кредитен раст и натамошно продлабочување на финансиската интермедијација, во функција на поддршка на растот, истакна гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска
Фондот за иновации и технолошки развој го објави вториот повик од Планот за економски раст на Владата (ПЕР), за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации
Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски денеска во Охрид имаа средби со дуќанџиите и занаетчиите во Охридската чаршија, како и со сопственици на хотели од овој регион. Разговараа за условите за работа и значењето на владините мерки за поддршка, како и размислувањата и предлозите за развој на туризмот.
На малите и средните претпријатија во земјава преку програма на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) им е достапна грантова шема составена од кредит и грант во вкупен износ од 36 милиони евра, како и техничка помош за подобрување на нивната конкурентност. Средствата ќе им се нудат преку Шпаркасе банка, Охридска банка СГ и Комерцијална банка по комерцијални услови.
Феноментот „инфлуенсер“ и неговата моќ да пренесе важни пораки кон јавноста преку социјалните медиуми беше главната тема на денешната конференција „Нови комуникациски трендови – инфлуенсер маркетинг”, што се одржа во Скопје во организација на Македонската асоцијација на агенции за маркетинг (МААМ). На конференција присуствуваа претставници од Адријатик регионот.
Регионален бизнис регистар за Западен Балкан www.bifidex.com кој ќе обезбеди на инвеститорите, трансапарентни и лесно пристапни информации за локалните компании е пуштен во употреба.
Бројот на работници во индустријата во февруари годинава во однос на февруари лани бележи раст од 0,8 отсто, додека за двата месеца од годинава во однос на тој период лани раст од еден отсто, објави Државниот завод за статистика.
Во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска се одржа уште еден „Петок за млади“. Овојпат во фокусот беше пишаниот збор.