Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) работи на одобрување на Планот за развој на МЕПСО што се однесува за периодот од 2019 до 2029 година со кој се предвидуваат инвестиции од 150 милиони евра.
Вкупните странски директни инвестиции (СДИ) во Република Северна Македонија од 1997 до 2017 година изнесувале 4,7 милијарди евра и имаат ниско учество во бруто домашниот производ на државата.
Фондацијата „You are sunflower“ (Ти си сончоглед), што работи со социјално загрозени деца во Албанија, Косово и Северна Македонија е избрана за шампион за регионална соработка за 2018 година на Балканот од страна на Регионалниот совет за соработка (РСС).
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) утре ќе одржи состанок со работната група која работи на нова методологија за пресметка на малопродажните цени на нафтата и нафтените деривати. Методологијата, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, треба да стапи во функција најдоцна до 8 мај годинава кога истекува договорот со Хеленик Петролеум, а доколку не биде донесена ќе дојде до либерализација на пазарот на нафта и нафтени деривати.
Голем дел од семејствата во Тиквешко произведуваат домашни ракија и вино. Некои само за сопствени потреби, а други и за продажба.
Министерството за локална самоуправа организира дводневен консултативен форум за програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница ќе разгледа две предлог одлуки за издавање и за менување на лиценца за вршење на енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта и нафтени деривати.
Дваесетина граѓански организацации од Македонија денеска ќе ги презентираат своите успешни модели на партнерства со локалните/националните власти на втората Национална конференија за граѓанско општество „Научени лекции по спроведување на проектите од Грантовата шема АКТИВИРАЈ“.
Млади претприемачи со голема идеја и желба да извршат значително влијание врз општествените проблеми може да учествуваат на петтиот натпревар „Награда за социјално претприемништво“ – Social Impact Award – Kick Off SIA 2019, што ќе биде промовиран денеска во Фондот за иновации и технолошки развој.
Финансискиот магазин Глобал фајненс ја прогласи Охридска банка Сосиете Женерал за „Најдобра банка во Македонија” за 2019 година