Министрите за правда, за внатрешни работи и за информатичко општество и администрација, Рената Дескоска, Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски и претседателката на ДКСК Билјана Ивановска денеска потпишаа меморандум за соработка за користење на системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува наредната недела да почне собраниската процедура за измени на Законот за градежно земјиште со кои ќе се овозможи државата да ги преземе ингеренциите од општините Охрид, Струга и Дебрца врз крајбрежјето на Охридското Езеро, односно стопанисувањето со плажите.
Индустриското производство во јануари е зголемено за 12 проценти во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во држвава во тек е реконструкција на 15 патни делници на транзитни сообраќајници, зафати вредни 186 милиони денари обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Три делници од нив во вкупна должина од 18,2 километри отпаѓаат на Охрид и тоа во транзитниот дел на градот, со реконструкција на главниот булевар „Туристичка“.
Управата за јавни приходи во 2018 година спроведе 7.148 контроли за фискализација, од кои кај 826 беа утврдени неправилности и тоа во најголем дел од обврзниците во Скопје, а територијално застапено помалку или повеќе ги има во сите поголеми или помали населени места во земјава, изјави денеска на прес-конференција директорката на УЈП Сања Лукаревска.
Министерот за финансии, Драган Тевдовски, беше говорник на настан во организација на Светска банка и Корејскиот национален фонд (КТФ) на тема „Mожности за обезбедување фискална одржливост“, соопшти Министерството за финансии.
Ниту приватниот сектор, ниту јавните институции, ниту универзитетите се на нивото на одговорност потребно за постигнување повисоки стапки на раст. И натаму остануваат клучните диспаритети во економските политики: односот меѓу капиталот и трудот, активното и издржувано население, како и континуитетот на правната регулатива, оценија учесниците на економски форум „Копаоник 2019“ на кој учествува и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.
На 242 лица им се исплатени 5.082.000 или над 81.000 евра за мерката Одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска ќе престојува во работна посета на Охрид.
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Македонска берза денеска ќе потпишат меморандум за соработка, со кој на македонските компании ќе им се овозможи пристап до алтернативен извор за прибирање капитал.