Македонија е рангирана на 93 место според Индексот на корупција за 2018 година што го објави Транспаренси интернешнал.
Со 57 гласа за, без ниту еден против или воздржан, Собранието го усвои новиот Закон за јавни набавки. Законот ќе стапи на сила од април.
Рокот за доставување апликации на јавниот повик за Мерка 3 од ИПАРД Програмата која се однесува за инвестиции во материјални средства во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи истекува денеска.
Трансферот за обесштетување на осигурениците чии средства не биле префрлани во вториот пензиски столб треба да почне денеска, а првата исплата ќе опфати 4.926 осигуреници.
Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски, денеска ќе извршат увид во градежните работи на компанијата „Дура Аутомотив“, во ТИРЗ Бунарџик 2.
Собранието попладнево, во рамки 81. седница, оцени дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати е прифатлив и може да се даде на натамошно читање.
Основниот суд Велес го повлече предлогот за стечај во винарската визба “Повардарие”, откако неколкумина доверители кои на 20 ноември побарале стечај за винарницата, на 22 овој месец до првостепениот суд поднеле поднесок за повлекување на предлогот за отварање на стечајна постапка. За ова денеска во изјава за МИА информираше Трајче Кулев, претседател на Здружението “Напредни лозари”.
На 11 печатени медиуми им се исплатени 42.568.620 денари со владината Програма за поддршка на печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2018 година. Одбиени се две барања, на списанието „Порта 3“и на Културното здружение „Визиони М Шења“, кои не ги исполниле критериумите, информира денеска на прес-конференција министерот за комуникации и отчетност Роберт Поповски.
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) денеска соопшти дека ќе ги информира членовите во пензискиот систем за нивната распределба во соодветните пензиски фондови и за средствата што ќе им бидат пренесени на нивните индивудуални сметки, вклучувајќи го и надоместокот за ненавремената исплата.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во декември 2018 година се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво, а пониски за 0,8 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.