Македонските компании, заедно со компаниите од Западен Балкан, ќе користат искуства од Австрија за дигитализација и дуално образование со цел да станат поконкуретни на глобалните пазари. Ова ќе им биде овозможено преку воспоставената соработка во рамки на Коморскиот инвестициски форум.
Министерот за финансии Драган Тевдовски, по најавата од премиерот Зоран Заев дека од 1 јули годинава ќе има поврат на ДДВ за граѓаните, денеска изјави дека е најважно тоа да биде спроведено на правилен начин и да нема фискални ризици.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетува сите корисници на ИПАРД Програмата дека утре истекува рокот за доставување апликации по Мерка 3 „Инвестиции во материјални средства во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.
Нови нископодни еко-автобуси на гас ќе сообраќаат по главниот град. Со 10 милиони евра обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и 1,8 милиони евра од сопствени средства на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) ќе се набават до 35 автобуси.
Политичките партии се уште не постигнале договор за членовите на комисијата за селекција на кандидати за претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, а и Владата ги нема доставено двата предлога. Ова се причините поради кои собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата, оваа точка наместо како прва ја стави последна на денешната седница.
По зголемувањето на таксите кон Србија за 100 проценти, Македонија го зголеми извозот на Косово за 40 отсто. Како што изјави српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникацици Расим Љајиќ, бенефит од ваквата мерка имаат и други земји. Пласманот од Албанија пораснал за 60 отсто, од Словенија за 123, од Грција за 114 отсто, Унгарија за 71, Бугарија 50 отсто, а од Хрватска за 28 проценти.
Челичната индустрија во наредната три години ќе работи со неизвесност од воведените квоти за увоз во Европската унија. Алтернатива за овој пазар нема каде би се пренасочил пласманот на производите, но затворање на фабриките и отпуштања нема да има. Ќе работат со зголемени фиксни трошоци, намалена конкуреност на производот, но и неможност на договарања на долг рок. Загубите годишно се проценуваат на 150-160 милиони евра.
Доста е политика и политиканство, потенцира Заев. Мора да ги засукаме ракавите. Државата ќе ја биде само ако народот има пари. Во таа насока се фокусирани и владините политики.
За почнување и развој на рурален туризам неопходна е системска поддршка од локалните и националните институции, решенија во законската регулатива, програми и мерки, изготвување нова локална и национална стратегија за рурален туризам, како и едукација за начините и можностите за искоритување на фондовите за поддршка на руралниот туризам.
Откако стигна веста за ратификација на Договотот од Преспа во грчкиот парламент добив информација од четири компании дека одлучиле да инвестираат во Македонија, истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на трибината „Силна економија – шанса за сите“ што се одржува во Велес.