Сите заинтересирани пензионери до 15 февруари годинава можат да се пријават за користење на услугата бањско – климатска рекреација на корисниците за 2019 година.
Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница го разгледа Преглог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, во прво читање, и едногласно со 10 гласа „за“ заклучи дека е прифатлив и оти треба да седаде на натамошно читање.
Со пензиската реформа на актуелната Влада која стартуваше од почетокот на јануари, обезбедуваме стабилна исплата и континуиран раст на пензиите, без при тоа да се замрзнуваат и да се зголемува старинсата граница за пензионирање. Со Закон воведуваме редовно усогласување на пензиите.
Клучот за економски развој на земјава е во развојот на приватниот сектор, така што тој ќе биде во состојба да искреира производи и услуги со повисока додадена вредност кои ќе бидат конкурентни на глобалниот пазар, поточно да ги здоволува стандардите на земјата во која се извезува.
Депозитите во банките во Македонија минатата година забележале раст од 10,5 отсто, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Лозарите бараат Фонд за исплата на грозје, за винариите да не ги манипулираат како во минатото, бидејќи некои од нив сеуште немаат земено пари за родот од пред неколку години, информираат од Здружението “Напредни лозари”. За ова тие писмено се обратиле и до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Finance Central Europe магазинот во своето 19-то годишно рангирање на банките во Југосточна Европа, ги рангираше и најдобрите банки за 2018 година во Македонија врз основ на пет критериуми и го прогласи најдобриот банкар во земјава.
На јавниот оглас за доделување на државно земјоделско земјиште над три хектари со соодветен бизнис план за инвестиции пристигнаа вкупно 51 понуда од кои 39 се со уредна и целосна документација, а 12 се одбиени поради формално неисполнување на пропишаните законски услови во огласот.
Се интензивира откупот на тутунот во земјава и во прилепско-пелагонискиот регион, зашто временските услови одговараат за домашната манипулација пред родот да се понуди на откупните претпријатија.
Министерството е во постојана комуникација со лозарите и целосно е запознато со нивните проблеми, а Владата во овој период мора да ја затвори како прашање исплатата на долговите од винариите „Повардарие“ и „Стефани“ и лозарите да ги добијат своите пари, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.